Португалските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригес ќе се венчаат овој викенд во иконскиот дворец Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија, а церемонијата е закажана за в сабота, 1 август.
Најавите остануваат непотврдени, никој ни потврди ни негираше. Ако свадбата се случи, списокот на гости би можел да создаде глобален спектакл. Невестата претпочитала тоа да не биде огромен јавен настан.
Меѓу имињата за кои се тврди дека се поканети се фудбалските ѕвезди, како: Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго (сите од Реал Мадрид, иако Роналдо не играше со нив во Реал), не се знае дали на списокот се и неговите тимски колеги од Ал-Наср, а таму ќе бидат и многу познати личности, како: Вин Дизел, Пирс Морган, Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк, Тревис Скот, Хабиб Нурмагомедов, Рио Фердинанд и интернет-сензацијата Ајшоу Спид.
Врската на Роналдо и Шпанката започна во 2016 година, откако се запознаа додека таа работеше во продавница на „Гучи“ во Мадрид. Заедно се една деценија, имаат пет деца, од кои две ќерки, Алана Мартина и Бела Есмералда им се заеднички.

