Кристијано Роналдо доцна во ноќта пристигна во Ријад за да го одработи вториот дел од предвидените медицински тестови, по што и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Ал Наср.Клубот од Саудиска Арабија доби зелено светло од државата за да се верификува богатиот договор со големата фудбалска ѕвезда, а дека станува збор за државен проект може комотно да се заклучи и од сликите кои пристигнуваат од Ријад.Имено, целиот град е обоен со ликот на Португалецот, бидејќи сите билборди на улиците и на главниот плоштад се посветени на големата фудбалска ѕвезда која пристигна во Саудиска Арабија.– Откако ја освои Европа, големата ѕвезда има нова мисија да ја освои Азија!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *