Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник и врвен интерпретатор. Ристе Велков, еден од водечките македонски баритони и првенец на Македонската опера и балет, зад себе остави длабока трага во македонската музичка култура.

Роден во Скопје во 1975 година, Велков беше препознатлив по својот моќен глас и впечатливо сценско присуство, поради што го носеше епитетот „италијански баритон со кадифена боја“. Настапуваше на домашни и меѓународни сцени, а публиката ќе го памети по улогите во „Набуко“, „Риголето“, „Травијата“, „Аида“, „Кармен“ и многу други оперски остварувања.

Гостуваше во Јапонија, Србија, Романија, Турција и Бугарија и беше редовен учесник на значајни фестивали како „Охридско лето“, „Мајски оперски вечери“ и „Интерфест“ – Битола.

Неговата посветеност кон уметноста и љубовта кон сцената ќе останат трајно запаметени. Искрено сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите.

Педесет и еден годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *