Школата за пилоти Rimin Air од Штип основана во 2020 година, е првата и единствена школа во Македонија сертифицирана како Организација за пилоти (ATO),Approved Training Organization, која нуди обука за сите типови пилотски дозволи. Оваа школа веќе има обучено неколку десетици пилоти а во моментов се обучуваат кандидати за приватен пилот и комерцијален пилот на авион. Неколку ученици активно работат на стекнување на дозволи за приватни пилоти, додека четворица ученици се во фаза на практична обука за приватен пилот. Обуката е дизајнирана да им овозможи на студентите да се специјализираат за сите аспекти на воздухопловството, со можност за професионален напредок.

Никола Ивановски професионален пилот/ инструктор по летање: Во нашата  школа имате можност за стекнување на сите типови на дозволи за пилоти кои се потребни за да продолжите и понатаму да се занимавате со воздухопловство. И токму поради тоа дојдовме до идеја да формираме еден центар каде што ќе имаме можност да го пренесеме нашето искуство и знаење на идните генерации. И со цел да создадеме нови кадри кои што ќе ги заменат пилотите во државата. Бидејќи, сведоци сме денес  кога беa актуелни пожарите, во Македонија пилотите се дефицинтарен кадар и се помал е интересот. Сега е моментот да се почне обука за еден пилот авион.

 

Никола Ивановски  искусен професионален пилот, објаснува дека за да се стане пилот, важно е да се поминат медицински прегледи да се има желба, мотивација и финансиски средства за обука. Процесот на обуката трае од 2 до 3 години, а учесниците се обучуваат за стекнување на сите потребни дозволи за летање. Според Никола, стручноста во воздухопловството не се разликува многу од возењето автомобил, но бара поголема посветеност, пожртвуваност и време.

Никола Ивановски – Пред се’ да се биде пилот треба да сте психофизички здрав да поминете одредени лекарски прегледи кои се потребни во оваа дејност. Треба да имате многу желба, мотивација и финансии да си дозволите. Поради тоа што денес секое училиште чини одреден број на финансиски средства. Доколку сте психофизички здрав не гледаме никакви пречки да секој може да стане пилот. Многу е слично на нивото на возење на кола, нормално бара поголема пожртвуваност, посветеност и поголем временски период.  Комплетниот процес за да се заврши , професионално занимавање трае од две до три години за да се стекнат сите потребни дозволи и овластувања за да се работи.

Никола Ивановски исто така работи како ко-пилот на Airbus 320, а паралелно е и консултант и соработник во неколку компании кои се занимаваат со производство на делови и опрема за авиони. Иако во Македонија постојат неколку помали  центри за обука, Rimin Air е единствениот центар која е сертифициран како АТО и нуди комплетна обука за професионални пилоти. Другите школи нудат само обука за приватни пилоти.

 

Обуката на Никола и неговата школа не се фокусира само на теоретскиот дел, туку и на практичното искуство. Интересни случки од практичните тренинзи покажуваат колку голема одговорност и психолошки предизвици има процесот на обука. На пример, една од најинтересните случки е кога учениците, за само 14 дена, преминуваат од почетни до самостојни летови со едрилица.

Никола Ивановски – Пред се да ви кажам за мене, вистинското уживање е летање со едрилици и летањето со спортските авиони. Времето кое се поминува во летање без мотор во едрилица. Патничката авиација би ми била на посебно место затоа што таму веќе работата не е задоволство, всушност работата ја работите професионално за финансиска потреба. Додека,  ова другото претставува задоволство и пред се треба многу да го сакаш за да го работиш. Како интересна случка би издвоил летање во едрилица каде што ученикот во рок од 14 дена од нула познавање  може самостојно да лета со едрилица. Тоа пред се е голем психички момент и огромна одговорност на инструкторот, ученик да лета сам.

Angels Fm-Дали има заинтересираност од страна на жените во оваа професија?

Никола Ивановски – Ова е интересно прашање и  актуелна тема во воздухлопловството. Ме радува фактот што се повеќе жени се заинтересирани за пилоти. И баш ми сакал да споделам информација, сега во моментот во нашава школа за обука се наоѓа и едно девојче кое што наскоро би требало да се стекне со пилотска дозвола. За сега има добар прогрес ја следи наставата и теоретски и практична. Во Македонија има 2 до 3 девојчиња и таа би била четврта од понежниот пол.

 

Никола, исто така, истакнува дека има растечка заинтересираност за пилотските курсеви, особено меѓу младите, и додава дека сега во неговата школа се обучува и девојка која наскоро ќе ја добие својата пилотска дозвола. Ова е значајно бидејќи бројот на жени во оваа професија расте, а во Македонија има само неколку жени кои се обучуваат за пилоти.

Школата располага со три современи авиони, а во процес на регистрација е и четврти авион, што ја потврдува посветеноста на школата да обезбеди најдобри услови за обука на своите студенти. Исто така, Никола нагласува дека тие се свесни за растечката потреба од нови, квалификувани пилоти во Македонија, особено по неодамнешните настани, како што беа пожарите, кога пилотите беа дефинитивно недостиг на пазарот. Со цел да се задоволи оваа потреба, школата се стреми да создаде нови генерации на пилоти кои ќе ја водат иднината на воздухопловството во државата.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *