Ријана се враќа на музичката сцена со две песни.
Песните се снимени за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ на режисерот Рајан Куглер, кој следниот месец ќе започне да се прикажува во кината ширум САД.
Компаниите „Marvel“ и „Disney“ и издавачките куќи „Def Jam“ и „Westbury Road“ чиј сопственик е Ријана, ќе објават албум кој ќе ги содржи песните од споменатиот филм.
Кон крајот на минатиот месец, „NFL“ најави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супербоул 2023 година.