Тениската сезона е при крај, останува уште АТП Мастерс во Торино. Осумте најдобри оваа година ќе се борат за престижниот трофеј, а челниците на АТП подготвија рекордни премии.

Имено, доколку некој од учесниците успее да дојде до титулата без пораз, може да инкасира дури 4,7 милиони долари, што би било рекорд во светот на тенисот. За да добие оваа премија од АТП, победникот мора да ги добие трите натпревари во групната фаза, а потоа да слави во полуфиналето и финалето. За квалификацијата секој тенисер добива по 150.000 долари, а доколку се мине групата со три победи уште 1.469 милиони.

Рекордер на финалниот АТП турнир е Роџер Федерер со шест титули, а шанса да се израмни со него има Новак Ѓоковиќ.

Место на турнирот кој ќе се одржи од 13 до 20 ноември.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *