Шпанските таблоиди не можат да престанат да се хранат со аферите  на славните лица во оваа земја, па откако го преџвакаа бракот на Џерард Пике и Шакира, сега излезе нов скандал поврзан со познатата пеачка, но и со најтрофејниот шпански тенисер – Рафаел Надал.

Новинарот Џорди Мартин обелоденува дека Надал и Шакира, наводно, биле во тајна врска, која била зачната со нивната соработка во видео-спотот за песната „Џипси“, во 2009 година. Во него, Шакира и Надал разменуваат по некоја насмевка и слатки погледи, но Мартин вели дека тоа било само почеток на една врска која се одвивала тајно.

Во тоа време Шакира уште не беше заедно со Пике, но Надал беше со Мери Перељо, неговата девојка уште од средно, која сега му е сопруга и чека дете од неа. И Шакира наводно изневерувала, во тоа време била во врска со шпанскиот пеач Алекс Санцо, но тоа никогаш не било официјализирано.

Сето ова се случува на почетокот на Ју-Ес опен, каде што Надал ќе се обиде да стигне до рекордната 23. титула од грен-слемите, а во Њујорк е придружен од својата сопруга. Како оваа вест ќе се одрази на нивната врска и на настапите на тенисерот – допрва ќе видиме. Шакира веќе се навикна да живее во скандали, откако се разведе од Пике, затоа што ја изневерувал со 23-годишната Клара Чиа Марти. Меѓутоа, во последниве денови се пишува дека Пике имал и друга афера, уште во 2016, така што животот на Шакира сигурно е пекол.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *