Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи од 3 до 13 степени.
Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.