Во утринските часови во јужните делови ќе има локален дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.