Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени. Локален слаб дожд ќе има и утре, а потоа следува период на стабилно време.