Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
УХМР прогнозира дека од утре (среда) кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање.
-Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.