Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од минус четири до два степени, а максималната ќе достигне 12.

Утре ќе настапи стабилизирање на времето и вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен ветер, а во западните делови засилен западен ветер. Од недела следува период на тивко време со појава на магла во котлините. Ќе биде релативно топло, освен по котлините со магла. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *