Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *