Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре од средината на денот на запад ќе има повремени врнежи од дожд кои попладне ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура утре малку ќе се покачи, а потоа ќе е за два до три степени пониска. Нов бран на врнежи се очекува од крајот на работната недела.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *