Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 3°C, а максималната од 9 до 16°C.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела.

03/01/2024

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *