Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла по котлините, а попладне ќе се зголеми облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините. Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *