Времето денеска ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран кој на планините и на некои повисоки места ќе донесе повторно врнежи од снег, меѓутоа на пониските места врнежите ќе бидат од дожд. Прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за следните денови покажува дека ноемвриската зима продолжува. Зимска опрема и топла облека се неопходни, оти минусните температури ќе бидат и двоцифрени.

Најниска температура од 10 степени под нулата е измерена во Битола, Берово, Попова Шапка и Маврови Анови.

-8 степени се измерени во Прилеп, Дебар и Крушево, -7 во Охрид, -6 степени во Тетово, Крива Паланка и Демир Капија, -5 во  Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Претор, -4 степени во Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница и -2 во Дојран и Гевгелија. Највисока снежна покривка од 20 сантиметри утрово е измерена во Ѓуриште, 19 см во Пожаране, 18 во Дебар, 16 во Маврови Анови, 14 во Битола, 13 во Берово и Крушево, 12 во Крива Паланка и 7 сантиметри во Прилеп.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *