Времето денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени, а дневната од 17 до 26 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.