Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена претежно висока облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во четврток ќе биде претежно сончево со мала облачност и со повремено засилен југозападен ветер, а потоа во петок и сабота променливо облачно ветровито и со услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *