Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени. Во Штип променливо облачно време, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 11 степени, а максималната дневна до 21 степен.

И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *