ФИФА соопшти дека досега се продадени 2,45 милиони билети за натпреварите на Светското првенство што во ноември и декември ќе се одржи во Катар. Меѓу најбараните билети во оваа фаза од продажбата се за натпреварите на селекцијата на Бразил против Србија и Камерун во рамки на групата Г.Билети највеќе купувале навивачи од Катар и од соседните земји Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, по што следат фановите од САД, Англија, Мексико, Аргентина, Франција, Бразил и Германија. Најевтините билети за навивачите кои не се од Катар изнесуваат 69 долари.Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември и ќе трае се до 18 декември ќе се игра на осум стадиони.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *