Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната од 16 до 28 степени.
И утре се очекува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи.