Култната македонска песна „Море сокол пие“ ја доби најновата форма
КАВАЛА – бенд кој за прв пат се претстави пред пошироката публика на PZE 2024, реши да ја „оживее“ песната преку комбинација на традиционална мелодија и модерен електронски звук.
Покрај песната, снимен е и видео запис во кој гостува младиот актер Александар Стоименовски.
Низ историјата оваа песна ја изведувале многу популарни пејачи од балканското поднебје, најчесто во традиционален аранжман.