Светското првенство дојде до фазата во која веќе нема поправен, се игра третото коло од групната фаза кое ги креира осминафиналните парови.

Во групата А, Холандија со 2-0 дојде до очекуваниот триумф над Катар и го завери местото во нокаут фазата, а таму се пласира и Сенегал кој со 2-1 беше подобар од Еквадор. Сенегалците мораа да победат и го направија тоа.

Англија со 3-0 беше убедлива против Велс, а од оваа група понатаму оди и селекцијата на САД која со погодок на Пулишиќ го совлада Иран со 1-0.

Напреварите од овие две групи ги формираа и првите осминафинални парови. Холандија ќе игра против САД, а Англија со Сенегал.

Осминафинале распоред:

3. декември 16:00 Холандија – САД

4. декември 20:00 Англија – Сенегал

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *