И додека општината сеуште не го решила проблемот со кучиња скитници во изминатите 24 часа повторно е пријавено напад од куче скитник. Од крими билтенот на СВР Штип информираат дека на 08.08.2022 во 09.50 часот во Полициската станица Штип, С.С.(60) од Штип пријавл дека на ул.„Косовска“ во Штип бил каснат од куче скитник.

Инаку Ветеринарната станица која беше оператор за заловување на кучињата и нивен хуман третман, исто така го раскина договорот со општината, поради се поголемиот број тужби од страна на граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници. Според евиденцијата на општинските служби во просек годишно биле каснувани по 10 граѓани. После еден неуспешен обид, избран е економски оператор кој ќе се фати во коштец за решавање на овој горлив проблем

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *