Македонија и денес ќе се наоѓа под влијание на стабилна сува и многу студена воздушна маса, со значително ниски утрински температури. Се очекува сончево стабилно и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -16 до -2, максималната од -3 до 7 степени. Периодот на сончево и студено време ќе продолжи и в среда. Од четврток се очекува промена со затоплување на времето.