Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17°C, а максималната од 20 до 27°C.
Во наредните денови, под влијание на влажната и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.