Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утре ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час). Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.