Натпросечно топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров.

Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот. Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти температурите во длабок минус и тие ќе бидат под просекот.

Овој поларен бран ќе ја зафати и Македонија, допрва ќе се утрдува дали и во Македонија ќе има значителна снежна покривка како во регионот.

Во следните наши објави, секако и со новите понатамошни ажурирања на нумеричките модели состојбата ќе биде многу појасна. Едно е сигурно, а тоа е дека Арктичкиот бран ќе не зафати, вели Славчо Попоски.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *