Компанијата Телакабел заедно со Регионалниот Центар за Трансфузиона Медицина- Штип денес организираа Крводарителска акција.

Крводарителите играат клучна улога во здравствениот систем, бидејќи нивните донации помагаат да се спасат безброј животи секој ден,  а вработените од Телекабел тоа денес го потврдија.

Крводарителската акција се спроведе во Центарот за Трансфузиона медицина каде дел од вработените за првпат даруваа крв, а некои како долгогодишни крводарители со повеќекратни дарувања.

Телекабел уште еднаш ја докажа хуманоста како одговорна компанија со давање поддршка на општеството и преку одговорен однос кон околината во која живееме.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *