Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне и до 16.

Следува период на стабилно време со северен ветер и со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат под нула, но ќе бидат во постепен пораст.

Во петок попладне и сабота од пладневните часови наместа ќе има услови за краткотраен дожд. За време на викендот ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во понеделник се очекува да засилува.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *