Денеска и утре  во Штип ќе се одржи 37-то издание на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест”. По три години фестивалската сцена повторно ќе биде поставена во Домот на Културата Ацо Шопов.

Со буџет од околу сто илјади евра, од кои над 73.000 обезбедни од Општина Штип и околу 25.000 евра обезбедени од спонзори, организаторите ветуваат добра забава и квалитетни песни.

На фестивалот овие две вечери ќе настапат познати музички имиња меѓу кои:  Тамара Тодевска, Викторија Лоба, „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Мартинијан Кириловски, Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, Андријана Петрушовска, Пајак и Лара Иванова, Ален Исламовиќ, диџеј Боно и Кристина Димитри, Александар и Балкан Бенд, Филип Пешевски, Марија Спасовска, Дарко и како браќа, Блеа – Благица Ѕунзровска, Мелани Тарчуловска, Мила Николовска, Марија Атанасова, Јуле Николовска, Јана Спирковска, Марија Цветановска, Дејан Тасев и Деа Симичева.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *