Италијанскиот избор за песна на Евровизија, 74. музичкиот фестивал Сан Ремо, почна денес со свеченото отварање во салата Аристон и ќе трае секоја вечер до 10 февруари кога ќе изберат кој ќе ги претставува во шведскиот град Малме на финалната вечер.Сан Ремо е познат по тоа што преносот на државната РАИ трае до два часот по полноќ, а покрај одличните настапи на натпреварувачите, секоја година на програмата се нудат одлични музички изведби на домашни и странски ѕвезди. Специјален гостин оваа година беше познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ кој покажа дека е недостижен, па на сцената се качи под звуците на најголемиот хит на Брена . Ова е втор српски хит, што се свиреше во Санремо поради Ибрахимовиќ, откако тој и пред три години спектакуларно се појави на сцената.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *