Каратистите денес ги почнуваат натреварите на Европското првенство во Тбилиси, Грузија, кое ќе трае до 11 февруари. Македонија настапува со 28 каратисти кои вече ги имаат и противниците.

На ЕП ќе натсапат 1160 каратисти со 1127 натпреварувачки влезови од 49 држави.

Македонските каратисти се носители на повеќе медали во оваа конкуренција во минатото. На ланското ЕП во Ларнака (Кипар), меѓу 1136 каратисти од 41 држава, бронзени медали освоија постарите јуниори во борби Витомир Трајковски (категорија до 84 кг) и Стефан Стојановиќ (над 84 кг). На ЕП 2022, пак, во Прага (Чешка), бронзен медал освои јуниорот Љупчо Михајлов (до 68 кг)…

Од Штип ќе настапат Љупче Михајлов и Душица Бреслиева.

-54 кг Душица Бреслиева – Софија Чатзиојану (Грција)

-75 кг Љупче Михајлов – Херохи Пицул (Украина)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *