Тажна вест го обиколи светот со веста дека почина уште една уметничка душа. Кралицата на рокенролот Тина Тарнер почина на 83 годишна возраст. Во изминатите години имаше бројни здраствени проблеми мозочен удар, рак на цревата, комплетно откажување на бубрезите, кое доведе до трансплатација на орган. А во текот на нејзината 60годишна кариера Тарнер имаше многу многу хитови по кои ќе остане запаметена. Една од најуспешните женски рок изведувачи на сите времиња беше пример на многу жени, како во најтешките животни ситуации со силна волја можно е да се добијат сите битки. Таа имаше неверојатна енергија со која зрачеше секој пат кога ќе застанеше на сцена. Видела, претрпела и преживеала сѐ – од дно, до врв.
Една од најуспешните музички ѕвезди. Добитник е на 8 Греми награди, а според Rolling Stone е еден од најдобрите пејачи на сите времиња. Нејзината прва светска турнеја е рекордна со продадени четири милиони билети.Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и за најуспешен женски рок-уметник на сите времиња, со продажба на близу 200 милиони копии. Во 2013 година, Тина Тарнер се откажала од американското државјанство и зела швајцарско државјанство каде што живееше на имот во Швајцарија според неа земјата на мирот. Минатата година излезе и документарен филм за легендараната пејачка за нејзиниот живот и кариера