Одбојкарите на Штип УГД се освојувачи на 31. Куп на Македонија, за прв пат во клупската историја. Штипјани во финалето, во интересен и неизвесен натпревар, ја совладаа Струмица  со 3:2. На големо задоволство на домашната публика во салата „Јордан Мијалков“, Штип УГД двапати израмнуваше против фаворитот за одбрана на трофејот, Струмица, а потоа го доби решавачкиот, петти сет. Задмард со 26 поени беше најдобар кај Штип, Омехин во составот на Струмица беше најефикасен со 28 поени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *