Холивудскиот шармер Леонардо Дикаприо и неговата партнерка, манекенката Камила Мороне ја прекинале љубовната врска, објавил магазинот People.

Извори блиски до парот ја потврдија веста, но причината за раскинувањето не е позната.

Последен пат заедно беа видени на почетокот на јули. Фотографите тогаш ги снимиле како шетаат на плажата во Малибу со своите кучиња. Актерот беше во врска со Камила повеќе од четири години. За нивната врска почна да се зборува во јануари 2018 година кога заедно беа на патување во Колорадо. Врската ја потврдија две години подоцна, кога седеа заедно во првиот ред на Оскарите.

Пред три години, извор близок на парот изјави дека „нивната врска е сериозна и Камила поминува многу време во куќата на Лео“. Тој додаде дека познатиот актер им ја претставил манекенката на своите родители.

Актерот е сега главна тема на социјалните мрежи бидејќи ја прекина врската со манекенката откако таа го прослави својот 25-ти роденден. Досегашните љубовни врски на Леонардо се претежно со девојќи кои се помлади од 25 години.

Оваа романтична врска е рекорд за холивудскиот миленик кој папараците често го фотографираат во друштво на убави, но и двојно помлади дами. Интересно е што Камила е родена во 1997 година, кога премиерно е прикажан филмот „Титаник“, кој го прослави Леонардо Дикаприо.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *