На 29 септември  по пауза од 25 години, Штип повторно ќе живее во духот на детската музика и на убавите детски песни кои некогаш беа отскочна даска за деншните познати музчари. „Весело штурче“ со нови сили ги обедини децата од цела Источна Македонија, песните се веќе снимени и в четврток ќе одекнат во домот на културата „Ацо Шопов“.
– Поради големиот интерес, ќе има две претстави, од 17 и до 19.30 часот а ќе бидат испеани 22 песнички за деца. Ќе има два дуета, а и хор составен од 14 деца, но и бенд, кој ќе го сочинуваат млади таленти што се јавија на аудицијата за која навистина владееше голем интерес. Дел од ова издание се вкупно 70 распеани момчиња и девојчиња.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *