И по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување, 14-годишната Вања од Скопје сè уште не е пронајдена.Продолжува интензивно потрагата по малолетното девојче кое исчезна вчера во утринските часови во Скопје, информираат денеска од МВР за МИА.

Мајката на 14-годишната В.Ѓ вчера изутрина во 8:35 часот пријавила во полиција дека девојчето исчезнало, по што започна потрагата по неа. Таа исто така информацијата ја сподели и на социјалните мрежи.

МВР доцна синоќа соопшти дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В.Ѓ, и повика да не се шират дезинформации посочувајќи дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.

Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче В.Ѓ од Скопје.

Вчера во 8.35 часот нејзината мајка З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

Од МВР потенцираат дека за решавање на случајот и пронаоѓање на девојчето веднаш по добиената пријава биле вклучени целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, а извршени се и низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *