За 12 минути решени 120 задачи, со овој успех и златен медал се врати осумгодишниот Петар Гелев од Штип од Националната Олимпијада која се одржа изминатиот викенд во Скопје по ментална аритмика. На олимпијадата учестваа вкупно 205 натпреварувачи, а во категоријата на Петар се натпреваруваа 32 деца.

Малиот Петар Гелев е второ одделение во основното општинско училиште Славејко Арсов во Штип. Ова не е прв успех на Петар тој досега има освоени први втори и трети места од државни и меѓународни натпревари а учествуваше и на олимпијадата во Белград минатата година.

Пред два месеци Петар освои и трета награда на Државен натпревар по Информатичко размислување и деветто место на Математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН

Освен Петар Гелев, на олимпијадата улчествуваа и Бобан Стаменков со освоено второ место во писмен дел, и Клеа Рунтева трето место во ментален дел.

 

17/06/2024

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *