Вардар и Нексе одиграа драматичен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ кој го решаваа пеналите, на крајот хрватскиот тим излезе како победник и тие ќе играат на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата.

Натпреварот почна изедначено, се играше гол за гол, се додека Нексе не направи серија од 3-0 и поведе со 7-4. Хрватскиот тим во еден момент имаше и највисоки четири разлика 14-10, на крајот заминаа со предност од 15-12.

Во вториот дел Вардар заигра подобро и успеа да го сврти резултатот, неколкупати имаше предност од еден гол разлика. Во финишот Нексе ја бркаше негативата и се спаси од пораз, вардарци го имаа последниот напад, но не дадоа гол, мечот заврши 28-28, па пеналите беа тие кои одлучуваат.

Во пенал серијата херој на Нексе беше голманот Михајло Радовановиќ кој им одбрани на Талески и Ѓукиќ и донесе конечна победа за нив од 32-30.

Талекси со 11 голови беше најдобар ракометар на Вардар, Манасков постигна осум голови, четири даде Моралес. Кај Нексе, Сршен постигна осум голови.

Ако голманот Радовановиќ беше херојот на Нексе во пенал серијата, тогаш во регуларниот дел тоа беше голманот Кузмановиќ кој одбрани 11 топки на ракометарите на Вардар и беше клучната разлика на теренот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *