Долг е списокот на познати личности кои направија долга пауза од социјалните мрежи последниве години, вклучувајќи ги Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез– сите тие беа во фаза на „дигитална детоксикација“.Според истражување на дигиталното здружение „Битком“, оваа година 10 насто од луѓето во Германија сакаат повторно да бидат „офлајн“, а околу 43 отсто веќе го сториле . Според направената анкета на Дојче Веле социјалните мрежи се полни со омраза, злоба и говор на омраза. Во секој буквално во секој прилог објавен на фејзук можете да прочитате страшни и лоши коментари. Според Дојче Веле итно е потребна цензура или закон за казнување на лоши коментари и ширење говор на омраза.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, на пр., го напушти Твитер во 2019 година и не се врати оттогаш, иако некои други политичари ја користат платформата барем еднаш на еден час – за да го кажат своето мислење.Хабек на својот блог тогаш напиша: „Твитер е агресивен како ниедна друга социјална мрежа, и ниеден друг медиум нема толку омраза, злоба и говор на омраза“. – Тоа беше една од најмудрите одлуки што ги донесов во мојот живот!, рече потоа тој.

Бројни трудови ги разгледуваат последиците на Инстаграм, Твитер и другите социјални медиуми.

Според Универзитетот на Бат во Велика Британија, дигитална пауза од само една недела ја подобрува општата благосостојба и ја намалува анксиозноста и депресијата. Фактот дека резултатите се вакви може да се потврди со истражувањата.

Друг фактор за лошите влијанија е тоа што социјалните мрежи, додека едни заработуваат од сѐ тоа, други чувствуваат притисок и завист кон останатите корисници на кои наводно им оди подобро во животот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *