Од ноември треба да почнат исплатите на субвенциите наменети за ранливите категории кои се дел од пакетот антикризни мерки вреден над 350 милиони евра. Премиерот Димитар Ковачевски објасни дека владините мерки треба да поминат низ собранискиот филтер и да бидат одобрени, за што ги повика сите политички субјекти да бидат на висина на задачата и законските решенија да бидат изгласани. Со мерките се вклучени 41.878 лица од најранливите категории на граѓани треба да добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно четири месеци по 3.000 денари. “Да се подготви Закон за финансиска поддршка на ранливите категории на граѓани во време на криза, тој закон ќе го поднесе Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика и ќе го достават до Собранието “– посочи Ковачевски