Најдолговечниот пациент со трансплантирано срце бил опериран во Англија во 1984 година и официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Откако развил симптоми слични на грип на 17-годишна возраст, на Јансен му била дијагностицирана кардиомиопатија, задебелување на срцевиот мускул што го спречува да пумпа крв низ телото. Кардиологот на Јансен во Холандија бил поврзан со болницата Харефилд во Лондон и со пионерот за трансплантација, професорот Магди Јакуба, кој ја извршил операцијата на 6 јуни 1984 година, кога пациентот наполнил 18 години.
Во тоа време, во Холандија сè уште не се правеле трансплантации на срце. „Сè помина многу брзо. Само една недела по пристигнувањето во Харфилд, две срца станаа достапни од голема сообраќајна несреќа во Лондон“, рекол Јансен.
„Едно срце се совпадна и му беше пресадено. Како што ми рекоа лекарите 30 години подоцна, веројатно совршено одговарало“, рекол тој
Според пациентот Јансен, новото срце му овозможило брзо да се врати на „квалитетниот живот“. Играл тенис и одбојка и работел полно работно време.
Неговата операција била 107-ма од ваков вид во Харфилд. Првата била изведена од Сер Магди Јакуб во 1980 година и оттогаш центарот пресадил илјадници срца.
Д-р. Фернандо Риего Гил, кардиолог и раководител на службата за трансплантација на срце во болницата Харфилд, изјавил: „Фантастична вест е што еден од нашите рани пациенти продолжува да живее исполнет и среќен живот толку долго по неговата трансплантација. ”
Според британската здравствена служба, минатата недела на активната листа на чекање за трансплантација во Велика Британија имало 7.314 возрасни лица, од кои 248 биле пациенти помлади од 18 години.
„За жал, многу од овие луѓе ќе умрат на листата на чекање бидејќи имаме недостиг од донатори на органи во оваа земја“, предупредил д-р Гил. „Се надевам дека приказната на Берт ќе послужи како поттик за луѓето да размислат да се регистрираат како донатори на органи, да донираат живот“, рекол докторот.