Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од 16 до 24 степени, а максималната од 30 до 41 степен. Метеоролозите информираат дека подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *