Истражувањето на веб-страницата „Травелбег“ ги анализираше хаштазите на „Инстаграм“ за 100 најдобро оценети градови.

Со повеќе од 270.000 хаштази, Лондон беше победник, а Њујорк се најде на второ место со 255.000 хаштази. Париз е на третото место, додека оние што бараат малку потивок Божиќ со задоволство ќе слушнат дека Дубаи се најде на четвртото место. На петто место е Чикаго, местото каде што е снимен омилениот божиќен филм на многумина – „Сам дома“.

Иако Лондон ретко има бел Божиќ, со оглед на тоа што последниот пат Лондон виде снег за Божиќ 1999 година, тој очигледно сепак може да биде прилично совршен за време на празниците. Главниот град е дом и на некои идилични лизгалишта, од кои најпознатото е во дворот на Сомерсет Хаус, под култната новогодишна елка.

Ова се топ-10 најживописни божиќни дестинации во светот:
Лондон
Њујорк
Париз
Дубаи
Чикаго
Виена
Мајами
Лос Анџелес
Мелбурн

Сиднеј

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *