Најпребаруваниот термин на Гугл за 2022 година На првото место во пребарувањата за оваа година во светот не е војната туку е играта Wordle. Според резултатите се чини дека милиони луѓе во светот ја играле играта, е игра за погодување зборови, која во последно време стана исклучително популарна. Целта на играта е да се погоди збор од пет букви во шест обиди. Ако ја погодите вистинската буква на вистинско место, плочката станува зелена, ако е вистинска буква на погрешно место, добивата жолт сигнал, а сивата значи дека таа буква воопшто ја нема во зборот. Доколку некои од вас се љубители на играта претпоставувам дека веќе знаете зашто точно се работи.