Штипските натпреварувачи од Џиу Џицу клубот Осенсеи со извонредни резултати на Меѓународениот турнир во Марибор-Словенија. Данил Николиски беше најуспешен со освоено злато во категорија У21, додека Јован Николиски го освои третото место во категорија У 14 односно -36 килограми.
Во Јадранската лига пак учествуваа осум екипи а Македонија го освои трето место. Бронзени медали освоија и селекторот и тренер Александар Ацевски и Виктор Велинов. Во нашата репрезентација настап имаа и Христијан Јованов и Данил Николиски.