Штипскиот Џиу Џицу клубот Осенсеи е прогласен за најуспешен клуб на Државното првенство кое изминатиот викенд се одржа во Скопје. Со вкупно 14 натпреварувачи борците на Осенсеи освоија  6 златни, 7 сребрени и 2 бронзени медали. Тренерите Христијан Јованов и Виктор Велинов се задоволни од постигнатиот успех.

Инаку Ева Димитрова го положи практичниот дел од испитот за судија, додека на Данил Николиски ова му беше последен испит пред Европското првенство кое ќе се одржи наредната недела во Романија кој со две победи го положи информираат од Осенсеи.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *