Со денешните четири мечеви завршува првото коло од групната фаза на СП во Катар. И за крај на ова коло, во последниот меч, ќе имаме мега – спектакл. Бразил против Србија. Најголемиот фаворит за титулата против селекцијата од Балканот која е во страшна форма во изминатата година. Се верува дека момците на Пикси, “орлите“ на селекторот Драган Стојковиќ, ќе знаат како против Нејмар и компанија. Србија има проблем со повреди, но сепак тој тим има дух, има знаење и квалитет дури и за победа над Бразил. Во секој случај ќе супер интересно, мечот почнува од 20:00 часот. Меч за фудбалски гурмани.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *